Утрински Весник
Свет

Во Боливија уништени 21,6 тони кокаин

20241030112459 Big 730x400 78.webp.webp

Ја известуваме Боливија и меѓународната заедница за денешното палење на 21,6 тони запленет кокаин, објави министерот за внатрешно работи Едуардо Дел Каситиљо на Фејсбук.

На 15 октомври боливиската полиција откри и заплени 21,6 тони кокаин во пратка со соја, чија последна дестинација била Германија.

– Ова е најголема заплена на дрога во историјата на Боливија и една од најголемите во регионот во изминатите години во една операција, наведе Кастиљо.

Според податоците на ОН, Боливија е трет производител на кокаин, по Перу и Колумбија.

Можете да прочитате

Орбан: Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина ако Трамп победи на изборите

УНЕСКО: 251 милион деца во светот не одат на училиште

Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек