Утрински Весник
Свет

Во близина на Тунис потона уште еден брод со мигранти, најмалку 19 жртви

Речиси 700.000 мигранти во Либија чекаат можност да заминат во Италија, вели пратеник од партијата на Мелони

Најмалку 19 мигранти од субсахарска Африка се удавија во близина на брегот на Тунис кога се преврте чамецот со кој се обиделе да го преминат Средоземното Море за Италија, изјави денеска претставник на невладина организација.

dobivaj vesti na viber

Во последните четири дена, пет чамци со мигранти потонале во близина на Сфакс, на југот на Тунис, а во овие несреќи исчезнале 67 лица, а девет загинале, јавува Ројтерс.

Туниската крајбрежна стража објави дека во последните четири дена пресретнала околу 80 чамци на пат кон Италија и привела повеќе од 3.000 мигранти, главно од субсахарски африкански земји.

Ромадан бен Омар од Форумот за социјални и економски права (FTDES) денеска изјави за Ројтерс дека туниската крајбрежна стража спасила пет лица од брод што се превртел во близина на брегот на Махдија и дека овие мигранти го започнале патувањето од Сфакс.

Брегот на Сфакс стана главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштија и конфликти во Африка и на Блискиот Исток, во потрага по подобар живот во Европа.

Според податоците на ОН, најмалку 12.000 мигранти кои влегле во Италија годинава дошле од Тунис, додека 1.300 мигранти дошле од таа земја во 2022 година.

Претходно, најголем број мигранти во Италија пристигнуваа од Либија.

Можете да прочитате

Две девојчиња повредени во напад со нож пред училиште во Франција

Почина патник (33) на летот на Рајанер над Италија, во авионот била и неговата бремена сопруга

Разоткриена британска веб-страница која нудела услуги на сајбер криминалци