Утрински Весник
Македонија

Во Битола и околината санкционирани 30 пијани возачи

125 санкции за брзо возење

Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, информира МВР.

dobivaj vesti na viber

При контролата санкционирани се 30 возачи. Од нив 15 на територија на Битола, 11 во Прилеп, по 1 во Ресен и Демир Хисар и 2 Македонски Брод.

За време на контролата биле санкционирани и 20 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, па оттука од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Можете да прочитате

Тошковски: Конечно по 30 години од последниот упис, нова генерација на идни полициски службеници со Средно полициско училиште

МВР потврди дека Симеон Михаилов се уште се бара

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир – било избодено во срцето