Утрински Весник
Балкан

Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати

20241005090033 Big 730x400 96.webp.webp

Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и одроните на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница во БиХ.

Федералната управа за цивилна заштита распоредува тимови на локациите каде што се претпоставува дека има исчезнати лица.

Според последните информации, во поплавите загинаа најмалку 20 лица – 17 во Јабланица и тројца во Фојница.

Вкупниот број на жртви не е познат, но според неофицијални информации има десетици повредени, исчезнати и загинати, пренесува порталот Кликс.

Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.

Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него  треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.

Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.

Можете да прочитате

„Сан“: Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа

Ердоган се сретна со делегација на Хамас во Истанбул