Утрински Весник
Македонија

Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија

20241111090215 Big 730x400 55.webp.webp

Во Берово утрово се измерени – 5 степени Целзиусови, во Претор и во Гевгелија 1 степен. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 40 сантиметри.

Во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Маврови Анови и Лазарополе се измерени -4 степени,  -3 Велес, Демир Капија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, Крушево, Струмица, Прилеп, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Битола и Штип, -1 степен во Охрид, Виница и 0 во Тетово и Дебар.


Висината на снежната покрива во 07 часот е 27 сантиметри во Маврови Анови и 4 во Крушево.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Можете да прочитате

Осумнаесет кандидати во трка за градоначалник на Скопје на локалните избори 2025

Во пожарите во село Крапа изгореле сите овци на локален сточар, граѓаните се организираат да му помогнат

Следува продор на значително поладен воздух од север во Македонија