Утрински Весник
Македонија

Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

Vreme 2.webp.webp

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -4 степени, соопшти УХМР. Следат Битола и Прилеп со -3, -2 во Струмица, Тетово и Штип, -1 Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, 1 Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Велес, 2 Виница, Попова Шапка 3 Гевгелија, 4 Маврови Анови и 5 степени во Крушево.

Висината на снежната покривка измерена утрово во 7 часот е 36 см на Попова Шапка, 26 Маврови Анови и 5 см Битола.


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено на повисоките места и планините, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени, во Пелагонија до некој степен над нулата.

Во Скопје променливо облачно, магливо и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Можете да прочитате

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната

Во Собранието опозициски пратенички прашања

Одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите