Утрински Весник
Македонија

Во Берово најстудено, -6 степени

Esen 1.webp.webp

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -6 степени Целзиусови.

Следат Прилеп со -4, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Тетово и во Битола, -2 во Велес, -1 Кавадарци, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 0 Претор, Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Виница и 3 степени во Крушево, Крива Паланка и во Охрид.

Времето денеска, утрово студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината со појава на магла. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Можете да прочитате

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба

Огњеновиќ: Кога ќе видите сметка за струја знаете – РЕК е алка во бизнис шемата на Мицкоски