Утрински Весник
Свет

Во Белгородската област прогласена вонредна состојба на „федерално ниво“

20240815103620 Big 730x400 27.webp.webp

Во Белгородската област е прогласена вонредна состојба на „федерално ниво“, соопшти денеска рускиот министер за вонредни ситуации, Александар Куренков.

-Предлагам вонредната ситуација што се појави во регионот на Белгород да се класифицира како вонредна состојба на федерално ниво и да се воспостави федерално ниво на одговор, рече тој по денешната вонредна седница на владината Комисија за превенција и одговор во вонредни состојби.

Како што наведе, ситуацијата во регионот останува тешка и напната, пренесуваат руските медиуми.

Во нападите на украинските вооружени сили во регионот на Белгород во последните денови беа оштетени станбени згради и инфраструктура, а има загинати и повредени.

Воведувањето на режимот за вонредни состојби на федерално ниво овозможува на поедноставен начин да се донесат одлуки за распределба на материјална помош на луѓето од федералниот буџет, за финансирање активности за сместување на луѓе, за да им се обезбеди се што им е потребно во привременото домување, како и брзо преземање акциски мерки насочени кон дополнителна заштита на граѓаните.

Во случај на федерална вонредна состојба, жртвите имаат право на финансиска помош.

Руските федерални власти на 9 август прогласија вонредна состојба и во областа Курск, по нападот на Вооружените сили на Украина. 

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд