Утрински Весник
Свет

Во Бахмут убиен Србин, припадник на Вагнер

Во Бахмут убиен Србин, припадник на Вагнер

Во Бахмут во Украина бил убиен српски припадник на групата Вагнер, јавува Слободна Далмација.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува, станува збор за маж од Крушевац.

Не се знае точно кога е убиен.

Сочувство до семејството на убиениот Урош на својот Телеграм канал објави снајперистот Дејан Бериќ.

„Загина во борбите за Артјомовск (како што Русите го нарекуваат Бахмут), а неговото тело беше пронајдено пред десет дена. Не можеме да објавиме каде ќе биде погребот, но јас размислував да одам на тој погреб, но за жал не можам поради моите обврски(…)“, напиша тој.

Убиениот Србин како волонтер од Србија дошол во Луганск во 2014 година, односно на самиот почеток на агресијата врз Украина и станал член на Седмата бригада. Во меѓувреме се оженил со Русинка со која има дете, но тој брак заврши со развод.

„Тој остави дете, а не требаше воопшто да оди во војна. Вујко му живее во Москва, можеше да ја избегне оваа војна, во која повторно се пријави од почетокот на специјалната воена операција. Извесен период, бил ранет и затворен, ја напуштил војската, но му се приклучил на Вагнер по почетокот на специјалната воена операција“, коментираат упатените, пренесе „Блиц“.

 

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози