Утрински Весник
Спорт

Во Баерн му нашле нова маана на Нагелсман – Неговиот стајлинг мора да се промени

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, оваа сезона е се почесто критикуван поради слабите резултати на најголемиот германски клуб. Четирите последователни натпревари во Бундеслигата без победа ја крена на нозе јавноста во Германија, но и челниците на Баерн кои главно виновникот го бараат во Јулијан Нагелсман.

dobivaj vesti na viber

Се зборуваше дека не е во најдобри односи со играчите, а сега германските медиуми, односно клупските менаџери го обвинуваат за неговиот стил на облекување. Нагелсман сака помодерни комбинации, а за разлика од многу тренери кои изгледаат класично покрај теренот во џемпер, одело, па дури и во клупски тренерки. Тој има малку поинаков стил.

На еден од состаноците на Баерн Минхен се разговарало и како треба да изгледа неговата облека кога го води тимот на фудбалските натпревари. Наводно, му било кажано дека „фудбалот не е шоу-бизнис“ и покрај тоа што се држи до правилата и носи облека со клупски бренд.

Очигледно дека кога резултатите не се според очекувањата, тогаш и замерките се многу поголеми. Така е тоа и во Баерн Минхен.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина