Утрински Весник
Скопје

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии

Viber image 2026 04 23 11 44 24 247.jpg

Во текот на месецот април, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 2750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е расчистено во општината Карпош.

Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира 14 915 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.


ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува да ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улиците што се во надлежност на Градот Скопје, преку секојдневно машинско и рачно метење и миење, како и  плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода” и Старата скопска чаршија.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месецот април реализираше предавања за примарна селекција и правилно постапување со отпадот за 208 ученици во скопските училишта, додека во градинката Весели цветови-клон Синоличка, во општината Кисела Вода, беше организирана еко-манифестација за одбележување на Денот на планетата Земја.

Можете да прочитате

Авионската дезинсекција против ларви од комарци в четврток во Скопје

Без вода дел од корисниците на Топанско Поле, Хиподром и Трубарево

Ѓорѓиевски: Гоце Делчев е симбол на непокорот