Утрински Весник
Магазин

Во Јапонија откажан Фестивалот на цветање на црешите поради несовесни туристи

20260206095153 big 730x400 59.webp.webp

Поради големиот број туристи, јапонскиот град Фуџијошида, сместен во близина на планината Фуџи, го откажа годинешниот Фестивал на цветањето на црешите. Според властите, ваквиот пораст на посетители прави голем метеж во сообраќајот, проблеми со отпадот и го загрозува животот на локалното население.

Одлуката е донесена откога некои од локалните жители се пожалиле дека туристи без дозвола влегуваат на нивните имоти, па дури и вршат нужда во нивните дворови. Други, пак, дека фрлаат отпад и непрописно паркираат.

Градоначалникот на Фуџијошида, Шигеру Хориучи, изјави дека ова е со цел да се заштитат достоинството и животната средина на граѓаните. 

За време на цветањето на црешите во градот дневно пристигнуваат и до 10.000 посетители. Властите во соопштението наведуваат дека до ваквиот наплив на туристи дошло поради пад на вредноста на јенот и преголемата популарност поттикната од социјалните мрежи.

Јапонските власти предходно се обидоа да ги спречат туристите во потрага по совршена фотографија. Во 2024 година во местото Фуџикавагучико беше поставена голема црна преграда за да се блокира еден од најпознатите видиковци во државата и да се спречат непристојните гости. 

Можете да прочитате

Физичката активност помага во справување со депресијата

„Симпсонови“ во 2000 година: Некои луди луѓе на еден остров тајно го владеат светот; толкувањата посочуваат на Џефри Епстин

Вкусна салата од печен компир