Утрински Весник
Економија

Во јануари и февруари времето беше студено и го успори стартот на капиталните инвестиции

Gordana dimitrieska kocoska1.jpg

И покрај тоа што во првите три месеци се реализирани нешто под 10 отсто од предвидените средства, реализацијата на капиталните расходи се одвива според планираното, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Од вкупно 47,2 милијарди денари предвидени во државниот буџет за капитални инвестиции во 2025 година, заклучно со 8 април реализирани се 4,49 милијарди денари.


„Слабата реализација во првите месеци е очекувана поради ниските температури и временските услови, кои директно влијаат врз градежните активности. Најголем дел од капиталните расходи се врзани за инфраструктурни проекти, чие темпо се засилува со подобрување на временските услови“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека Владата останува посветена на реализација на капиталните инвестиции и најави дека во наредниот период ќе има зголемена динамика на изведба, особено во градежниот сектор. „Очекуваме поамбициозно темпо и повисоко ниво на реализација до крајот на годината“, додаде министерката.

Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

Славески на средби со ММФ: Потребен е внимателен пристап во услови на зголемени светски ризици

Европа во битка со ценовниот шок: Намалени даноци, бонуси и ограничување на профитите