Нашата цел е на сите дечиња да им обезбедиме среќно и безгрижно детство. Во основното училиште ,,Александар Македонски“ успешно се реализира проектот „Заиграј со нас“, наменет за дечињата со атипичен развој.
![]()
Во рамките на овој проект децата добиваат часови со физички активности спроведени од тренери асистенти. На еден од овие часови вчера присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски. Тој уште еднаш ги потврди посветеноста, поддршката и грижата на Општина Аеродром за сите дечиња.
![]()
„Среќен сум што како локална самоуправа го поддржуваме проектот ‘Заиграј со нас’, кој е наменет за дечињата со атипичен развој. Ваквите активности и иницијативи имаат големо значење за овие дечиња, како и за нивните семејства затоа што тоа придонесува за подобрување на нивниот целокупен развој. Секој минута посветена на нив, всушност, е вложување во поубава и безгрижна иднина за секој еден од нив“, истакна градоначалникот.
Како Општина Аеродром, со гордост можеме да потврдиме дека и во иднина остануваме посветени на ваквите активности и ќе даваме силна поддршка на ваквите и слични проекти.


