Утрински Весник
Македонија

Пендаровски – Бун: Благодарност за поддршката на Франција за нашите европски интеграции

Пендаровски – Бун: Благодарност за поддршката на Франција за нашите европски интеграции

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, ја прими државната секретарка за Европа на Франција, Лоранс Бун.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа истакнати пријателството и напредокот на односите меѓу двете држави и вложените француски напори за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи подготвеност за натамошно продолжување на интензивниот политички дијалог на високо ниво, се заблагодари за поддршката од Франција во поглед на нашите европски интеграции, како и фокусот на билатералната соработка, при што беше поздравено неодамнешното потпишување на договорот за зајакнување на соработката во одбраната.

Соговорниците разговараа за преговорите за членство во ЕУ, тековниот скрининг-процес, како и следните фази, кои треба да се комплетираат како дел од процесот за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

Можете да прочитате

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство

Приведен 40-годишник кај Ќафасан, затекнат со околу еден килограм марихуана

Разбиена шема со брзи кредити во Куманово, пет лица оштетиле повеќе граѓани за над 200.000 евра