Утрински Весник
Магазин

Внимавајте: Огромни змии се појавија на грчките плажи

Uploads Thumbs Resize 800x420 643463.jpg

На Фејсбук групата “Грција инфо” се појави видео на кое се гледа дека голема змија се појавила на грчките плажи.

Имено, на видеото од плажата во Патра може да се види како огромна змија излегува од морето и лази по плажата до грмушките, објави Телеграф.

Меѓу стотиците коментари на ова видео, голем е и бројот на оние на кои не им било грижа кога на плажата виделе рептил кој, колку што може да се процени од видеото, бил долг од 1,5 до 2 метри.

„Ова сега треба да умре, беше еден од многуте коментари на оние кои не сакаат змии или се плашат од нив.

Од друга страна, имаше доста реакции од оние кои тврдат дека не е отровна, дека е нејзино природно живеалиште, дека луѓето се натрапници на плажата, а не змиите, па сѐ до смешни коментари.

Како и да е, само ова видео од Патра предизвика бура од коментари.

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци ги очекува позитивен пресврт од утре

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак доколку ги исполнуваат строгите критериуми

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ