Утрински Весник
Македонија

Внимавајте: Камерите проработеа „Сејф сити“ веќе испраќа казни (фото)

Adsiz 940 x 788 piksel.png

Внимавајте на брзината и сообраќајните правила – камерите на системот „Сејф сити“ веќе снимаат и испраќаат казни, иако проектот сè уште се наоѓа во пробен период. Министерството за внатрешни работи го пушти во функција системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ги регистрира прекршоците и ги санкционира прекршителите, а тестирањето ќе трае до Нова година.

Вечерва, редакцијата на 24 Инфо дојде до првата регистрирана казна за брзо возење. Прекршокот е евидентиран на 30.11.2025 година во 19:49 часот на булевар „8 Септември“, во правец кон кружниот тек „Олимпико“. Возилото се движело со измерена брзина од 58 км/час, што е 10 км/час над дозволеното ограничување од 50 км/час за таа локација.

Системот продолжува да работи и во следните недели, а граѓаните се повикуваат да внимаваат бидејќи секој прекршок веќе може да биде автоматски санкциониран.

Можете да прочитате

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Левица: Октопод во ДКСК – архивата алатка за прикривање на предмети од ДПМНЕ

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ