Утрински Весник
Македонија

Внимателно возење, на овие патни правци има магла

Magla.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 мeметри има во Прилеп, Македонски Брод и на Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Николовски во Аргумент плус: Запленетата дрога на граничниот премин Богородица на црниот пазар би чинела 7,7, илјади евра

Груевски за случајот Фросина: Само повеќе полиција на улиците

Отровно растение од Тексас почна да се размножува во Тиквешијата – Ако го видите, не го допирајте – веднаш пријавете!