Утрински Весник
Македонија

Внимание: Младите ја гледаат иднината во ЕУ затоа што нуди повеќе можности

Vnimanie 9 Ma 1024x692 1.jpeg

По повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, екипата на Внимание ги праша граѓаните: Што е позначајно – Денот на Европа или денот на победата врз фашизмот?

Мнозинството граѓани сметаат дека 9 мај за нас е позначаен како денот на победата врз фашизмот. На прашањето „Зошто повеќето од младите ја гледаат иднината во Европската Унија?“, повеќето од граѓаните сметаат дека ЕУ нуди подобра иднина, поголеми можности и повеќе перспективи. „Пошто поише пари се праат за истата работа“, вели еден граѓанин.

„Ради пари, бољи живот, поубави женски“, вели друг граѓанин. Повеќето од граѓаните сметаат и дека фашизмот не е целосно победен во 1945.

Една граѓанска вели дека „Треба да се допобеди неофашизмот“.

На прашањето, „Дали избориве ќе ни помогнат да се доближиме до целта – членство во ЕУ?“, граѓаните даваат различни и провокативни и одговори. „Се надевам дека ќе се вразумиме дома и дека единствениот пат ни е кон Европа… без ЕУ ми се чини дека ние немаме просперитет“, вели еден граѓанин.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можете да прочитате

Полицајци, наставничка и пожарникар зeмале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Кривична за охриѓанец, украл марихуана од фабрика за медицински канабис во која бил вработен

За еден ден пријавени повеќе случаи на насилство врз и од малолетници