Утрински Весник
Македонија

ВМРО со однапред смислено сценарио за јавен линч на Филипче, велат од СДСМ

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение на СДСМ:

По прес конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за јавниот линч врз него, се јавија нарачателите на црната кампања од ВМРО со прес конференција.

Откако претседателот Филипче најави дека ќе ги гони нарачателите и извршителот за изнесените лаги, и откако го повика Митрев да отиде кај Обвинител да пријави ако смее, излегува ВМРО на прес.

Какво разоткривање на целата шема и однапред смислено сценарио.

Разоткриени се целосно, фатени живи, сега ќе одговараат.

Целата акција им беше спремна. Прво извршител, за да ја пласира лагата на емисија на Алфа ТВ. Ама не да поднесе Кривична пријава, само лагата да ја каже јавно.

Потоа кујните на ВМРО веднаш ја шират лажната вест по договор, со речиси исти наслови.

Водителот на емисијата објавува на социјалните мрежи најава за акцијата на ВМРО.

На крај ВМРО држи прес конференција и го повикува Јавното обвинителство.

Ова е нивното целосно разоктивање.

Да имаше малку вистина во ова, немаше да чекаат, немаше да одат и да најавуваат на ТВ, веднаш ќе презема нешто, ќе поднесоа кривични пријави.

Зошто не го прават тоа? Затоа што знаат дека така ќе одговараат по Кривичен законик а не само за клевета.

Ова не е политика. Ова уште една црна кампања на ВМРО, продолжение на јавниот линч врз претседателот на СДСМ смислена со единствена цел: ДЕФОКУС!

Немаат одговор на прашањата што ги мачат граѓаните, за дупката од 2 милијарди евра, за криминалните тендери, за визите од САД…. 

Излезете и одговорете: 

За договорот мигранти за пари.

За дупката од 2 милијарди евра.

За криминалните тендери.

За Алта банка.

За ноќните волци.

За периметарот Сомалија.

За визите од САД и „третиот свет”.

Разоткриени сте. Ова нема да ви помине. Сите ќе одговарате.

Можете да прочитате

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта

Црна точка: Нова сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

Демант на МСПДМ во врска со ЈУМЦСР Тетово