Утрински Весник
Скопје

(Видео) Голем дефект, пукна водоводна цевка во Чаир

Fd2ff8a3 cad1 43f4 877f 52cba970fbda.jpeg

Голем дефект на водоводна улична цевка е пријавен на улицата „Роланд Реган“ во општина Чаир, поради што дојде до неконтролирано истекување на вода на коловозот.

На видеото кое дојде 24инфо може да се забележи како голема количина вода извира од асфалтот и се разлева по улицата, предизвикувајќи потешкотии во сообраќајот и загриженост кај жителите од околните објекти.

Засега нема официјално соопштение од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за причините за дефектот, ниту за тоа кога ќе биде саниран проблемот и дали ќе има прекин во водоснабдувањето.

Граѓаните апелираат надлежните служби итно да реагираат со цел спречување на поголема материјална штета и нормализирање на состојбата.

ЛИНК ДО ВИДЕО

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост