Утрински Весник
Македонија

ВМРО-НП: Загрижуваат пораките на Мицкоски со „не благодарам“ кон ЕУ

D0b2d0bcd180d0be D0bdd0bf D0b3d0be D0bed181d183d0b4d0b8 D0bdd0b0d0bfd0b0d0b4d0bed182 D0bdd0b0 D0bed185d180d0b8d193d0b0d0bdd0b5d186d0be 63cd8c75c523a.jpeg

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во својот развој го отпочна процесот на приклучување кон европското семејство, соопшти ВМРО Народна.

„Да потсетиме дека Република Македонија уште во 2001 година прва го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија која го навести патот кон кој доколку го задржеше приматот на најразвиена држава во Западен Балкан на наредниот самит ќе ги отворевме првите кластери на преговорите со ЕУ. Освен што од моментов на Северна Македонија и претстои многу тежок период, загрижуваат и пораките на премиерот Мицковски во кои самиот упатува порака со „не благодарам“ кон Европската унија на коментарот дека за отпочнување на преговорите со С. Македонија е потребно почитување на одредбите од преговарачката рамка уредени со договор токму помеѓу Северна Македонија и Европската унија, а не како што велат од Владата, со Република Бугарија.

Наместо уште веднаш да се отпочне со процес на помирување и исполнување на договорените обврски помеѓу Северна Македонија и Европската унија и што побрзо отворање на првите кластери за отпочнување на преговорите, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес без притоа да реагира на последиците кои денешните генерации најмногу ќе ги почувствуваат на своја кожа“ наведуваат од партијата.

Можете да прочитате

На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна

Меѓуврсничкото насилство може да доведе до депресија и да заврши фатално: Секој втор случај на булинг во Македонија не е пријавен

“Пелистерка” заработи јавна опомена – еве зошто