Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДППМНЕ побара автентично толкување на Законот за надворешни работи, ќе се враќаат 9 амбасадори?

Mnr.webp.webp

Денес на 31. седница на Законодавно правната комисијата на дневен ред се најде барањето на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за автентично толкување на член 39 став 3 и чен 45 став 4 од Законот за надворешни работи.

Ова барање се однесува на најавата за враќање на девет амбасадори кои не ги претставиле тезите пред собраниската комисија, што и не е во процедурата за поставување на Амбасадор.

Комисијата за надворешна политика, со која во претходниот собраниски мандат претседаваше Антонијо Милошоски беше одговорна за излагањата на амбасадорите. Антонијо Милошоски како претседавач не ги одржувал седниците или ги прекинувал седниците без да ги заврши, информираат од Собранието за 24инфо.мк

Со ова, велат нашите извори од Собрание, Антонијо Милошоски не си ја вршел работата во рамки на мандатот и сега предизвикува дејствија со кои државата ќе претрпи дипломатски срам. Комисијата во меѓувреме се состанувала и одржувала работни седници за други прашања поврзани со надворешната политика но никогаш не ги повикала избраните Амбасадори да го завршат претставувањето на нивните тези. Претставувањето на Амбасадорите не е составен дел од процедурата за заминување, која има рок од 2 месеци.

Со денешното автентично толкување, со кое потенцијално се испразнуваат уште 9 амбасадорски позиции, а кое пред месец дена во медиумите го најави токму Антонијо Милошоски, се отвара прашањата дали претседателот на Комисијата за надворешна политика со намера за опструкција не ги одржувал седниците и со тоа извршил злоупотреба на службената должност.

Во член 39 од Законот за надворешни работи пишува дека „по добивањето на агреманот, кандидатот за амбасадор започнува со подготовки за преземање на должноста, кои траат најмногу 60 дена и се сметаат за завршени по завршниот разговор на кандидатот за амбасадор со министерот и директорите во Министерството. По завршниот разговор кандидатот за амбасадор ги презентира своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика“

Член 45 се однесува на начините на враќање на амбасадор.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Скандал без преседан е тоа што претседателката на Судски совет се повлекува под притисок на премиерот

Во Скопје почнува конференција за енергетика на Југоисточна Европа

„Помисли двапати” кампања на ИНТЕРПОЛ за зголемување на свесноста и заштита од онлајн измами