Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Vmro.webp.webp

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дното во политиката е пробиено кога лица, кои на никаков начин не се поврзани со производство и трговија на дрога, Богданка Кузевска по насока на Зоран Заев излегува на прес и обвинува невини лица.

Ова покажува дека СДС или свесно дефокусира, и се нервозни поради фактот што лица од партијата и нивни екс функционери се сопственици на фабриките каде е најдена дрога, и на овој начин сакаат да ги дефокусираат трагите или лупаат глупости и водат лични пресметки помеѓу десетици крила внатре во партијата.

Очекуваме утре по овој принцип да не обвинат и за земјотресот во Скопје и за ланскиот снег.

Помината е секоја граница и пробиено е секое дно. Затоа СДС е на дното“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Сопственик на угостителски објект во Куманово уценуван од поранешна вработена со помош на друго лице

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради „тешка кражба“