Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За време на владеење на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон преку монтирани случаи

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС може да се правда колку сака, но до кого е блиска судиката која ја донесе скандалозната одлука за ослободување на лице кај кое биле пронајдени над 80 пакувања амфитамин, може да зборува само начинот на нејзината работа.


Имено, ако тоа беше ВМРО-ДПМНЕ, немаше партиските соопштенија на СДС, да ги преточува во пресуди за политички монтираниот предмет Талир 2.

СДС во изминатите седум години на власт, преку ваквите политички монтирани предмети вршеше прогон на политичките неистомисленици, носејќи драконски казни, а од друга страна криминалците и нарко дилерите слободно се шетаа по улиците.

СДС го окупираше правосудството и ги злоупотреби институциите и така во нивниот седумгодишен период на владеење, ВМРО-ДПМНЕ беше под постојан прогон со монтирани случаи.

СДС прогонот кон ВМРО-ДПМНЕ го спроведуваше преку ваквите судии и обвинители, кои отвораа истражни постапки и носеа драконски казни под нивна команда.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци