Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска: Да се преиспита нејзината деловна способност и да си даде оставка

ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска: Да се преиспита нејзината деловна способност и да си даде оставка
Dik 300x250 mk

Да се преиспита деловната способност на градоначалничката Данела Арсовска, нека не го измачува Скопје и нека си даде оставка, реагира ВМРО-ДПМНЕ по критиките од страна на Арсовска.

dobivaj vesti na viber

„Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата. Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слицни карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на Спасовски“, велат од партијата.

Претходно вечерва, Арсовска на прес-конференција кажа дека е лута на Мицкоски за „Комунална хигиена“. Таквите политичари, рече градоначачничката, се најголемото ѓубре.

Можете да прочитате

Вечерва голема полициска акција, се апси во Рашче

Жалбите отфрлени, шест осомничени за случајот со прилепската болница, остануваат во притвор

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати