Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Venko sdsm 2.jpeg
Dik 300x250 mk

Соопштение на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање поврзано со кампањата и која е неговата оценка за истата, изјави дека 


СДСМ води чесна, искрена кампања, насочена кон граѓанските интереси, нагласувајќи ги сериозните изборни притисоци и нерегуларности од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои уредно биле пријавени до ДИК и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

„Пријавивме притисоци и закани по работните места на гласачите, особено членови и симпатизери на СДСМ, поткуп и обиди за поткуп, па дури и на самите гласачки места. Дополнително, компании биле принудувани да присуствуваат на одредени настани, што не е во духот на демократијата”, изјави д-р Филипче.

Тој додаде дека сите овие забелешки се официјално доставени до Државната изборна комисија и до ОБСЕ/ОДИХР.

Претседателот на СДСМ направи паралела со кампањата која СДСМ ја води и го истакна контрастот со владејачката партија.

 „Ние водиме чесна, искрена и позитивна кампања. Имаме добри кандидати за градоначалници и советници, добро познати во своите заедници, со програми кои реално се реализираат”, рече д-р Филипле.

Тој потенцираше дека градоначалниците на СДСМ имаат меѓу 90 и 100 отсто реализација на предизборните ветувања, за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според д-р Филипче, „не реализирале ниту 20 отсто”.

„Нашите градоначалници имаат помеѓу 90 и 100% реализираност на ветените проекти, додека, според нашите податоци, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту 20% од своите програми”, изјави лидерот на СДСМ, д-р Филипче.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата