Утрински Весник
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Во време на Владата на Мицкоски има кривична пријава за инцидентот на обезбедувањето на Гаши

Vmro Dpmne 251612.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО ДПМНЕ:

Во време на Владата на Мицкоски има кривична пријава за инцидентот на обезбедувањето на Гаши, во време на Заев, Филипче и Ковачевски тоа се ставало под тепих.

Има разлика.

Од жешките плажи на монденските места низ светот очигледно интернетот не допира најдобро и пишувачите на плитки соопштенија во СДС не можат да добијат соодветни насоки.

Очигледно е дека СДС тотално погрешно интерпретира или сака да интерпретира изјава на претседателот на Владата Мицкоски повторно поради фактот што не успеваат никако да ги сфатат причините зошто изгубија катастрофално на минатите избори.

Токму поради ова ваше потценувачко однесување кон јавноста и граѓаните, вие мислите дека ако кажете лага секој ќе ви верува макар и кога јасно се слуша што кажува Мицкоски на прес конференцијата.

Да бевте нормални ќе ви речевме засрамете се, но кај вас срамот е апстрактна категорија и не разбирате што тоа чувство всушност значи.

Соопштенијата на СДС се толку нелогични што на моменти имаме чувство дека од таму нема човек кој пишува или дава насоки, туку одговара некоја првична неразвиена верзија на chat GPT која беше позната по тоа што пишуваше неповрзани, необмислени и нереални работи. А вработените и раководството се на колективен одмор на неопределено време. Или некој пак им зема пари за да им води PR за глупости.

Во прилог што значи зборот срам. Се надеваме дека некој таму ќе подзамисли за ова.

Срам 

мн. срамови 

Вид збор: Именка, машки род 

1. Непријатно чувство предизвикано од лоша постапка. 

Англиски: shame 

Албански: turp  

Примери: 

Чувствува срам. 

Слично со: срамота (ж.) , резил (м.) 

Вид: чувство (ср.) 

2. Чувство на стеснување пред некого. 

Англиски: shame 

Примери: 

Му беше срам да излезе надвор. 

Поцрвени од срам. 

Слично со: притеснување (ср.) , нелагодност (ж.) 

Изрази: 

Без срам е. 

За срам; за триста срамови! 

Не ти е срам! 

Од пусти срам. 

(посл.) Од страв се бега, од срам не се бега. 

Си го загубил (каснал) срамот. 

Срам да ти е! 

Срам не срам. 

Станува за срам(ови). 

Умре (потоне, пропадне) од срам. 

Ни срам, ни перде. 

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје