Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта како раштиман оркестар, велеа дека имаат мнозинство, а сега им фалат 8 пратеници

ВМРО-ДПМНЕ: Власта како раштиман оркестар, велеа дека имаат мнозинство, а сега им фалат 8 пратеници

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ коментира дека владејачкото мнозинство делува како раштиман оркестар.

dobivaj vesti na viber

Коментарот следи по денешниот брифинг со новинарите, на кој министерот за надворешни рабои, Бујар Османи рече дека фалат околу осум пратеници за гласање на уставните измени.

Според ВМРО-ДПМНЕ, секое излегување на министерот на јавната сцена е посмешно и поконтрадикторно од претходното.

„Еднаш велеа дека имаат мнозинство за уставни измени, а сега им фалеле само осум пратеници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, притоа додавајќи дека вистината е сосема поинаква, односно пратеници од мнозинството, меѓу кои и од Социјалдемократскиот сојуз застануваат на страната против уставните измени, под овие услови.

ВМРО-ДПМНЕ коментира дека разногласие има и во самата ДУИ, па додека собранискиот спикер Џафери вели дека уставните измени може да не се стават на гласање во август, друго говори министерот Бујар Османи.

Опозицијата повтори дека решение е спроведувањето на предвремени избори.

Можете да прочитате

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Битиќи: За 30% поскапе и возачката дозвола, трошоците за живот го притискаат семејниот буџет на граѓаните