Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта евтино ги продава вишоците струја во Албанија, а стопанството пропаѓа заради високите цени

ВМРО-ДПМНЕ: Власта евтино ги продава вишоците струја во Албанија, а стопанството пропаѓа заради високите цени

„Македонското стопанство тоне поради лошата енергетска политика на власта. Индустријата е оставена на милост и немилост и плаќа 500 отсто поскапа струја од лани.

dobivaj vesti na viber

За споредба со компаниите во околните земја, македонските плаѓаат најскапа струја и на тој начин ја губат својата конкурентност. Власта наместо преку матни зделки да ги продава вишоците на албанската компанија по багателна цена, истите може да ги понуди на домашниот пазар и на тој начин да ја помогнеше домашната економија.

Поради неодговорноста, недомаќинското работење и криминалот на власта на антимакедонската СДС, граѓаните и компаниите ја плаѓаат од свој џеб неколку кратно економската катастрофа. Најпрво ги плаќаат државните компании кои се претворија за 5 години во бунар без дно и најголеми загубари, потоа преку буџетски пари го плаќаат скапиот увоз и на крај преку енормни сметки ја плаќаат електричната енергија. И од мафијата СДС да беше, премногу е!

Ова мора да престане. На ова мора да му се стави крај. За ваквиот грабеж на својот народ кој го спроведува антимакедонската СДС мора да има одговорност“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

СДСМ: Стандардот на граѓаните опаѓа –  Мицкоски и ВМРО-OКГ немаат економски резултати

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

Три нови инвестиции оваа есен, најавува Мицкоски