
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Вложувањето во младите е инвестиција во иднината. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е силно посветена на создавање општество, во кое младите ќе напредуваат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ креира услови, проекти и можности специјално прилагодени за младите.
Новиот Оперативен план за вработување за 2025 година на Владата предвидува инвестиција од 40 милиони евра, со која ќе бидат опфатени над 16.000 невработени лица преку активни мерки и услуги за вработување.
Главниот фокус е ставен на младите до 29 години, за кои се предвидени програми како поддршка за самовработување, практикантство, младински додаток за ангажман во производствени дејности, како и низа други проекти со цел младите кадри да останат во земјата и да се зајакне домашната економија.
Дел од мерките во Оперативниот план се:
1.Поддршка за самовработување која опфаќа 720 лица до 29 години кои се регистрирани како невработени и имаат најмалку завршено основно образование. Помошта е во висина од 615 000 денари за основање бизнис и 3000 денари за трошоци за регистрирање.
2. Поддршка за самовработување, здружување во ДОО, кое опфаќа 220 лица. Помошта се движи од 816 000 денари за 2 содружника над 29 години до 1 230 000 денари за 2 содружника до 29 години.
3. Проект за практиканство кој опфаќа 1352 млади до 29 години за стекнување практични вештини во разни области.
4. Младински додаток за 3500 млади до 23 години кои ќе засноваат работен однос и веќе се вработени во производство. Помошта е висина од 3000 денари по вработено лице на месечно ниво.
Исто така како прв чекор на државно ниво ќе бидат ангажирани 1.000 лица во јавни работи и противпожарна заштита.
Оперативниот план е сеопфатна стратегија со цел да се намали вработеноста, да има повисока продуктивност и да се зајакне трудовиот систем. Со овој Оперативен план ќе се подобри животната благосостојба со цел граѓаните да имаат поквалитетен живот.
Оперативниот план дополнително ќе го зголеми животниот стандард на граѓаните и ќе даде допринос во економскиот развој на државата.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за младите.