Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата молчи за скандалозните 40 милиони евра исплатени за софтверски лиценци, во време кога велат дека нема пари за лекови и учебници

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ станува нервозна, по медиумите, на удар се нивните членови и пратеници

„Владата на компанија фаворизирана од времето на Драги Рашковски, во три години доделила 40 милиони евра за софтверски лиценци.

dobivaj vesti na viber

Со овие пари можеа да изградат клиничка болница, да обезбедат терапија за лицата со ретки болести и во исто време да испечатат учебници за учениците.

Патем, за да нема нови тендери, владата договорила само да плаќа фактури во следните три години, пракса која што се спроведува низ сите институции, со склучување т.н. Рамковни договори. Притоа, уште еден доказ за расипништвото на владата на Ковачевски, е дека за истата услуга пред три години на истата компанија и платила 15 милиони евра, а сега 25 милиони евра, што е речиси двојно поскапо.

Молкот на власта доволно говори дека на виделина излезе уште еден скандал за бесрамно трошење на народните пари, во време кога граѓаните живеат се посиромашно и посиромашно, власта се правда дека нема пари за граѓаните, за земјоделците, за работниците, за учениците и студентите, ама има пари за софтвери од 40 милиони евра“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца