Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ верува дека над 60 отсто од Македонците би излегле на Референдум

ВМРО-ДПМНЕ верува дека над 60 отсто од Македонците би излегле на Референдум

Над 60 проценти од Македонците ќе излезат на Референдум, а огромно мнозинство од истите ќе гласаат за поништување на Договорот со Бугарија, смета ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата преку соопштение наведуваат дека народот бара Референдум, бидејќи тој е највисок облик на демократија и можност за корекција на власта.

„Антимакедонската СДС да собере храброст и да прифати Референдум. А со Референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори.

Ако власта верува дека тоа што гo прави е правилно и дека Договорот наидува на поддршка кај народот, тогаш зошто тактизира и не прифаќа соочување со народот?

Антимакедонската СДС знае дека народ не ги поддржува нивните деструктивни политики и дека на изборите и на Референдумот ќе доживеат тежок дебакл. Но тоа не ги оправдува, државниот интерес нема цена и затоа да го стават народот пред своите лични цели и да поддржат Референдум, а со тоа да се охрабрат и на избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Расчистено разбојништво во Штип

Османи: Мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации…

Георгиадис: Доколку се прекршува Преспанскиот договор Мицотакис ќе го поништи