Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ уплашени заради рејтингот и високата доверба на граѓаните за Пендаровски, сметаат од СДСМ

1708269119 d181d0b4d181d0bc d0bfd0bed187d0b8d182 d0b7d0b0 d0bbd0b8d0bad0bed182 d0b8 d0b4d0b5d0bbd0bed182d0be d0bdd0b0 d0b4d0b5d0bbd187d0b5d0b2 63dec8d02a5a9.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ДПМНЕ се уплашени од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата затоа што знаат дека Пендаровски е победнички кандидат кој ја ужива довербата меѓу граѓаните и е фаворит на изборите.

Бидејќи ДПМНЕ нама што да каже за нивната понуда пред граѓаните, немаат идеја ниту план, фокусирани се на малограѓанско политиканство.

Угледот и кредибилитетот на претседателот Пендаровски се преголем залак за уличниот жаргон и празните плукачки флоскули кои излегуваат од Белата палата на ДПМНЕ.
Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.

Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.

Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата.

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!