Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Трета година по ред оваа неспособна власт, не може да обезбеди учебници за учениците

ВМРО-ДПМНЕ: Трета година по ред оваа неспособна власт, не може да обезбеди учебници за учениците

„Еден од многутте показатели за неспособноста на власта, во сите сфери на општеството, е и фактот дека веќе трета година по ред учениците нема да имаат учебници. Министерството за образование и министерот Јетон Шаќири и оваа година, како и последните две, нема да обезбеди учебници за учениците. Нема ниту дигитални учебници, има само ПДФ формат учебници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Дигитални учебници се учебници на кои што детето на таблет или на компјутер, може да работи на истите. Наставникот исто така може да следи дали сработил ученикот, кога сработил итн. Родителите повторно ќе мораат да трошат пари од својот домашен буџет, за да печатат учебници, како би можеле да учат нивните деца.

Ова е недозволиво и за земји во Африка. Очигледно е дека намерно се урнисува образованието на децата, во Македонија и за ова мора да има кривична одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ и ги повика сите надлежни институции да преземат мерки и да се казнат сите одговорни, за, како што велат, оваа катастрофална состојба во образованието.

Можете да прочитате

Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за  Ромите го открива вистинското лице на  власта

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите на Мицкоски не може да му се верува

„Вреди“: Го затворивме отпадот на ДУИ, на 19 октомври ќе ги уништиме и неговите фосили