Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување

Vmro Dpmne 1.jpg

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Јована Тренчевска, СДСМ

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДС беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ.


По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните.

Владата, и покрај наследената празна државна каса од СДС и последиците од глобалната криза, спроведува политики кои даваат конкретни резултати.

Просечната нето-плата од 2024 година до денес е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6%, додека инфлацијата е стабилизирана.

Зголемени се пензиите, како и платите на здравствените работници, просветните работници и вработените во одбраната и полицијата.

Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%.

Економските показатели го потврдуваат напредокот. Македонија бележи раст на БДП од 3% во 7 последователни квартали и се вбројува меѓу побрзорастечките економии во Европа.

Овие резултати покажуваат дека економските политики на Владата носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат основа за натамошно подобрување на животниот стандард.

Можете да прочитате

ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за заштита од пожари

Изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш

Лекарите преку обуки се вклучуваат во борбата против  корупцијата во здравството