Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската средба нема да ги спаси Ковачевски и СДС од катастрофалниот пораз на следните избори

Ковачевски во Куманово: Инфраструктурните проекти се приоритет, се градат мостови, локални и регионални патишта

Никакви средби, и спроведување на туѓи агенди нема да го спасат од катастрофален пораз Димитар Ковачевски и СДС на следните предвремени парламентарни избори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Целосниот молк од страна на СДС за средбата во Тирана, е само уште еден доказ дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера. Оваа средба е токму на барање на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија.

Евидентна е паниката и стравот на СДС и ДУИ за опстојувањето на нивната влада, бидејќи вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па затоа им беше потребна оваа средба. СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана на маса ќе добијат повторно штетни договори, кои за спас на своите кариери безпоговорно ќе ги прифатат?“ се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека државните прашања и националните интереси, како и одлуките за државата се носат во Македонија и македонското Собрание.

Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе го казнат ова антидржавно однесување на СДС и Ковачевски, порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мора да се извини за договорот ФРОНТЕКС, само нека го поддржи

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски насилно ја одржува власта на „апарати“ и со две патерици

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија, затоа владеат со притисоци и уцени