Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски го прикрива случајот со вооружените лица во Арачиново

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се извини ли МВР за јавниот линч врз младиот човек што го прогласи за бомбаш
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Неспособноста на Оливер Спасовски е безбедносен проблем во државата. Криминалот цвета, бандити хараат по улиците, а во последниот случај со Арачиново тие веќе беснеат и во самите полициски пунктови велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Имено пред три дена вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи. Ваков случај веројатно е единствен во Европа. Да биде потрагично Спасовски овој случај го релативизира со цел да го прикрие. Речиси по правило кога ќе излезе некој скандал во полицијата се вади на манипулации и шпекулации. Јавноста е сведок на повторување на епизодата со „пајакот“. Впрочем Спасовски и тогаш и сега не застана во одбрана на полициските службеници директно заштитувајќи противзаконско и насилничко однесување. Ваквата дрскост на бандитите е резултат на заштитата која ја имаат во врвот на МВР. Затоа Спасовски молчи за овој скандал исто како што го забошотува и случајот со самоволието на децата на полициските функционери, исто како што молчи и за државјанството на Онишченко, исто како што го забошотуваше скандалот со 215 оригинални пасоши за белосветски мафијаши. Спасовски требаше да си поднесе оставка уште вчера после сите скандали и афери за кои е директно одговорен. Тој премолчува и заштитува кршење на законите и тоа го прави директна закана по редот и мирот во Македонија“, се наведува во соопштението од партијата.

Можете да прочитате

Турчин се обидел да влезе во Македонија со фалсификат

Расте интересот на турските државјани за македонско државјанство

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат  – 24info.mk