Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се уште нема конечен договор со ЗНАМ, разговорите се одвиваат во позитивен дух

Vmro Dpmne 371wjn1qetyr2rto9exfr4 960x528 230446 305799 307270.jpg

Се уште нема конечен договор, тоа што можам да го споделам е дека разговорите се одвиваат во позитивен дух, изјави  портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање дали Движењето ЗНАМ станува дел од Владата и кои ресори би ги добиле.

Доцна синоќа од Движењето ЗНАМ информираа дека била одражана средба за соработка со ВМРО-ДПМНЕ на ниво на потпретседтаели на партии, на која се разговарало за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.

Претходно вчера, од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека преговорите меѓу коалициските партнери за идната Влада се во напредна фаза, но оти се уште нема конечен договор со Коалицијата „Вреди“ и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваат никакви детали.

ВМРО-ДПМНЕ, претходно излезе со став дека имаат консолидирано 61 пратеник. Новата влада, како што претходно најавија од ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде формирана до 20-ти јуни.

За вторник, 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата ВЛЕН 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници.

Можете да прочитате

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена