Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се креатори на растот на цените

Vmro Dpmne.jpg

Креаторите на растот на инфлацијата и на цените на производите, СДС повторно се јавија глумејќи наводна грижа.

СДС се тие кои за седум години го срушија животниот стандард и ја зголемија сиромаштијата во државата.


СДС не се грижеше како граѓаните ќе го врзат месецот, додека беше на власт и го зголемуваше ДДВ на производите, убедувајќи ги граѓаните дека тоа е за нивно добро затоа што биле, според нив, нездрави.

Додека неговата партиска елита се богатеше преку наместени тендери во четири очи, СДС на власт не се запраша како над пола милион граѓани го поминуваат денот со по 150 денари.

Наместо вистинска грижа, за која сега лицемерно глумат, македонската јавност беше сведок на целосно пљачкање на институциите и осиромашување на граѓаните.

А, украдените милиони ги изнесуваа по странство, каде сега имаат големи бизниси.

Таков е и примерот на Зоран Заев кој сега гради висококатница по Дубаи, во кој бизнис, најверојатно му е бизнис ортак и неговата продолжена рака, Венко Филипче.

Да не се заборави и дека нивниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство за милионска плачка и криминал во енергетскиот сектор.

Така да кога СДС од опозиција глуми загриженост за стандардот на граѓаните, нека се потсети дека пред година дена ставија уништена економија, празен буџет и држава пред банкрот.

Сега нега седи во длабоката опозиција и нека гледа како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го санира нивниот пустош, води грижа за секој и ја заживува економијата која ќе биде основа на одржливо и трајно зголемување на животниот стандард.

Сега во државата има Влада која води вистинска грижа за секој еден граѓанин и за сите засегнати страни.

Платите и пензиите растат и во координација и договор со сите засегнати страни истите ќе продолжат и понатаму да растат.

Можете да прочитате

СДСМ: Народот осиромашува, трошоците растат – потребни се мерки, а не игри со бројот на кошнички

Јанкоски од Народната банка: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор

Мицкоски: Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи