Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема

Vmro 1.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема, а поттикнати од Бугарија.


СДС и Филипче се најдобра продолжена рака на шовинистичките политики на Софија.

Наместо да ја прифатат подадената рака од претседателот Мицкоски, СДС и Филипче мислат како да ја искодошат државата.

Ова што го гледаме сега е продолжение на политиките на Заев и Бојко љубави, ова не е ништо друго, освен распродажба на државата.

Добро е што Филипче денес целосно се демаскираше, секој може да види која му е вистинската намера и како би постапувал ако е власт. Филипче ќе биде Заев 2.0.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово