Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче се скараа со народот, медиумите и светот и се во тежок офсајд

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и Венко Филипче во обидот да го заштитат криминалот на Зоран Заев, се скараа со Британците, претходно се скараа со пензионерите на кои заговараа да им се намалат пензиите, се скараа со работниците, со бизнис заедницата, се скараа со целиот народ, а денес се скараа и со медиумите.

Во исто време кога се прикажуваат за лажни душегрижници, тие лепат етикети и вршат брутален атак врз слободната мисла и новинарите. Таквите етикети и толкувања на вестите и загрозување на слободата на медиумите ги сврстуваат во делот на тоталитарни партии од Венецуела или Колумбија.

Тие го имаат својот Ескобар, во ликот на Заев, сега им фали и гушење на слободната мисла. Се прашуваме како ги видоа критичките вести, кои во својата основа се вистина за лагите на Филипче за мигрантите, а не ги видоа насловите на вестите кои се диктирани непосредно од штабот на СДС каде се шират лаги и дезинформации.

Ги повикуваме сите еснафски здруженија да реагираат на ваквото монструозно редење на етикети врз медиумите од страна на СДС и нивниот брутален атак.

СДС и Венко Филипче се скараа со народот, медиумите и со светот, а тоа само значи дека го губат тлото на земјата и се во тежок офсајд. 

Можете да прочитате

„Oсомничени полицајци се на слобода, го губиме трпението“ – порачаа родителите на загинатите во Пулс

Нови детали за убиството во гостиварско

ВЛЕН се пофали: После 24 години Законот за правична застапеност станува реалност