Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува со распродавање на историјата, Комисијата договорила заедничко чествување на Гоце

Историчарите од Македонија и Бугарија не се договорија за средновековието, нема детали за заедничко чествување на Гоце Делчев
300x250 (7)

Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце. Се што Заев најави сега Ковачевски го реализира, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Заев и Пендаровски по него го продадоа Делчев, а сега Ковачевски го официјализира. Договорот, кој требаше да се поништи на референдум е плод на сите негации на Македонија.

300x250 (7)

Со договорот со Бугарија се негира историјата и нашиот идентитет, а тоа станува услов за влез на државата во ЕУ. Со договорот, буквално мора да се прифатат бугарските гледишта на историјата, ако сака државата да влезе во ЕУ.

Првин власта почна со распродавање на светите браќа Кирил и Методиј, па Цар Самоил, па светите Климент и Наум, а сега на ред е и Гоце. Ковачевски знаеше дека сето ова ќе беше поништено на референдум и затоа избега. Но не може да избега од казната од народот, која доаѓа на избори“ додаваат од партијата.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт