Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да говори за енергетиката, нивниот Васко Ковачевски ја испокраде државата во случајот Адитив и избега

Vmro 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС кога зборува за енергетиката и нашите заложби, само нека се сети што се направија изминатиов период за оваа гранка.


Во нивно време синоним за енергетика беше криминал и корупција.

СДС е последен што смее да говори за енергетиката, бидејќи Васко Ковачевски поранешен директор на ЕСМ, се бара со потерница поради случајот „Адитив“, го оштети македонскиот Буџет за 6,5 милиони евра.Во време на владеењето на СДС, државата беше труена со отровен мазут и беа украдени од државата неверојатни 167 милиони евра.

Исто така, поради негрижата на СДС, секој месец наредните 15 години, ќе плаќаме по 300 илјади евра фактури или околу 54 милиони евра.

СДС нема кредибилитет да говори за енергетиката, ниту пак за било што друго кое поради нив, ВМРО-ДПМНЕ го гради од темел.

Можете да прочитате

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто