Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да продуцира со лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто на анкетите губи 5 спрема 1

Vmro Dpmne 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ:

СДС наместо да се занимава со измислени теми за Панче Тошковски нека направи анализа зошто губи 5 спрема 1 на анкетите и зошто огромното мнозинство сметаат дека партијата нема никаков капацитет на промени.


Одговорот лежи во Венко Филипче, Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Додека СДС ја занимава јавноста со измислени теми, тие не сфаќаат дека станаа гума за спасување на Артан Груби, Ахмети и ДУИ.

Толку да се секираше за себе колку што се секира за ДУИ и Груби, можеби ќе одговореа зошто не се оградуваат од криминалот на Ковачевски во истиот случај за кој се сомничи и Артан Груби. Односно како може Груби да бил лопов според СДС, ама неговиот шеф во таа влада Ковачевски да е крив.

Таквата лицемерна политика СДС ги носи на дното на сите анкети кои мерат рејтинг.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари