Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже – реалната вредност на платата е намалена, потрошувачката кошница поскапена

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже – реалната вредност на платата е намалена, потрошувачката кошница поскапена

СДС со својата катастрофална економска политика донесе енормна сиромаштија и рекордна инфлација. Поскапувањето на трошоците за живот ги изедоа платите и ја намалија куповната моќ на граѓаните. Потрошувачката кошница дојде блиску до 52 илјади денари, што е резултат на инфлацијата, која кај нас е речиси 20 %, а на прехранбените производи што граѓаните секој ден ги купуваат инфлацијата изнесува над 30 %, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека според ваквите податоци, реалната плата, наместо да расте, таа се намалува. Она што граѓаните лани можеле да го купат со една плата, сега не може. Тоа е реалната вредност на платите со која се фали СДС. Секое семејство не може со платите да се прехрани, а не да си овозможи да си купи нешто надвор од основната потрошувачка кошница.

Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, на розовите лаги на СДС веќе ни членовите на партијата не им веруваат затоа што по својот џеб може да проценат дека со оваа власт предводена од Ковачевски живеат сè полошо и полошо. Наместо подобар стандард, СДС донесе инфлаторна спирала, која е меѓу најголемите во Европа.

За ова да престане, оваа корумпирана и неспособна власт предводена од Ковачевски треба да си замине, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло