Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а фолирантите Левица не беа против

Ковачевски: Ја реструктуиравме македонската економија

„СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левица не гласаа против измените на Кривичниот законик. СДС и ДУИ гласаа за амнестија на својот криминал изминативе 6 години и знаат дека со сигурност паѓаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат судовите повеќе под нивна контрола и ќе треба да одговараат за криминалот кој го прават, па затоа ги намалуваат казните.

Левица е лицемерна како и секогаш, наместо да се бори против и да гласа против амнестијата на криминалците од СДС и ДУИ тие им помагаат.

Левица е параван за политиките на СДС и ДУИ. Левица е за амнестија на криминалците од власта.

Ковачевски е премиерот кој ќе остане како лидер на најнеспособната власт, а Димитар Апасиев како човек кој преку шарената револуција и криминалното СЈО помогнал да се востоличи таа најнеспособна власт на СДС и ДУИ.

Треба да знаат ДУИ и СДС дека ме ги спасува амнестијата, и правда ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес