Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ до Собранието доставиле 3 закони под европско знаменце, сите се удар за народот

Ковачевски: Ја реструктуиравме македонската економија

„СДС и ДУИ со зголемување на ДДВ за пелетите од 5% на 18%, и со таканаречениот солидарен данок удираат по народот, за да има за тендерите на Груби и Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, СДС и ДУИ до Собранието доставиле три закони под европско знаменце, од кои сите три, велат, се удар за народот.

– Власта планира да го зголеми ДДВ за пелетите од 5% на 18% и со тоа да удри врз граѓаните кои се греат на пелети со 12% поскап енергенс. Ако до лани некој трошел 40.000 денари за пелети, сега ќе треба да плати 45.000 денари. Разликата во цени оди во буџетот за Груби и Ковачевски да имаат повеќе пари за матни зделки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

По ист принцип е и таканаречениот солидарен данок, со што власта бара од компаниите да се солидарни, а во исто време троши немилосрдно од парите на граѓаните за тендери и договори во 4 очи, обвинува опозициската партија.

„СДС и ДУИ по брза постапка сакаат да протнат закони со кои ќе го удрат народот и фирмите, ќе скратат од нивните средства за да има повеќе за власта“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен