Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Реалната просечна плата во време на ВМРО-ДПМНЕ пораснала двојно повеќе од времето кога СДСМ беше на власт

20250826162842 big 730x400 39.webp.webp
Dik 300x250 mk

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема.


Народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет.

Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното:

Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%.

Уште поголем удар за СДС е фактот што реалниот пораст на просечната плата во период на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем од периодот на СДС. Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6.7%, за разлика од 3.5% во време на СДС. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДС беше власт.

Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДС. Имено во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега кога во просек е 3.6%.

СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста.

Можете да прочитате

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Кнауф дел од Розовиот октомври

Божиновска: Зависноста од еден извор е ризик од минатото