Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна

Vmro.webp.webp
Dik 300x250 mk

Првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освојување на 33 општини и мнозинство во совети во поголемиот дел од општините. Вториот круг е нов предизвик, но кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во трката влегуваат со значителна предност од противниците во 21 од 27 општини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна од противкандидатот на матната и непринципиелна коалиција која ги интересира, исклучиво, власт по секоја цена. Голема е предноста и на Дејан Митески во општина Аеродром, каде во однос на противкандидатот од СДС во првиот оствари разлика од околу 9.500 гласа, како и на Сотир Лукровски во Карпош кој во втор круг влегува со позитива од околу 1.500 гласа. Битката во втор круг продолжува и во општина Шуто Оризари, каде што влегуваме обединети со голема мобилизација за пресврт на резултатот и за победа на ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ нема мала или голема општина, нема рурална или урбана општина, секоја општина е важна и ВМРО-ДПМНЕ се бори за секој еден граѓанин.


Од друга страна, за функционални локални самоуправи кои ќе реализираат проекти и ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, важни се општинските совети. И тоа е предусловот кој е исполнет во првиот круг од изборите, каде што во скопските општини ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и мнозинство.

Во општина Аеродром ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство со 15 советници, бројот на освоени советници во Карпош е 11, во Шуто Оризари 4, а во Советот на Град Скопје освои 18 советници. Ова се бројки на советници во советите на овие скопски општини кои ќе донесат одлуки за големи проекти, важни за граѓаните.

Токму затоа, за да се заокружи оваа победничка слика која значи развој на општините, потребна е масовна поддршка од граѓаните за кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Во недела на 2 ноември, што е можно помасовно, да се излезе на гласачките места и со пенкало во рака, зад параваните, да заокружиме број 9 за Орце, Сотир, Дејан и Ерџан и да ја испишеме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Се напил па со автомобил се забил во оградата на комшијата – приведен жител од делчевско

УХМР со најнова прогноза за цела недела – во најава голем пресврт

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!